Светски ден на детето

Учениците од I - в одделение го одбележаа Светскиот ден на детето.

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност  на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.

Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го означи 20 Ноември како Светски  ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата како рамноправни членови на секое општество имаат свои права и истите треба да се почитуваат.