Првото училишно музичко студио во Општина Карпош

ООУ „Лазо Трповски“ е првото училиште во кое се отвори професионално музичко студио со тенденција да стане прво училишно радио. Целта е во студиото да се едуцираат учениците за продукција, аранжмани, компонирање, свирење музички инструменти, креирање видеа и севкупна едукација за музика и продукција. Главните протагонисти на овој проект се наставниците Благоја Ставревски, Кузман Марковски, Александра Русјакова, псохологот Стефан, хаус мајсторот Јосиф и педагогот Рената Поповска со огромна поддршка од директорката Соња Јовановска. Тие се комплетни автори на овој проект од идеја до реализација. Огромна благодарност до родителот Злате Спасоски кој донираше безбедносна врата за студиото.

Студиото поседува комплетна професионална музичка опрема, прекрасен дизајн и преубав амбиент за учење и дружење со децата!

Со нашето ново студио уште еднаш покажавме дека сакаме и можеме да бидеме секогаш први и оригинални!!!